АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ни едно слободно место не остана во салата на Народниот театар на Свечената академија по повод 4 Ноември. Присутни се добитниците на наградите, градоначалничката Наташа Петровска, вицепремиерката Радмила Шекеринска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на советот Валентин Груевски.Пратеникот Александар Кирацовски, советници од Советот на Општина Битола, директори на јавни претпријатија и установи, здруженија на граѓани и многумина други битолчани. Во салата нема ни еден претставник од опозицијата. Манифестацијата започна со пеење на химната од страна на оперската дива Марина Коруновска.
редакција Апла.мк
Мордехај Нахмијас бил истакнат партизан, познат по прецизниот истрел, кој за жал не го спасил од смртта на два месеца пред ослободувањето, загинал заедно со својата сограѓанка, Естреја Овадија-Мара на Кајмакчалан.
Битола денеска го чествува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, а по тој повод градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, делегациите на збратимените градови Епинал од Франција, Стари Град, Србија и Плевен, Бугарија, општинскиот Сојуз на борци, претставници на локалната смоуправа, советниците од Советот на Општина Битола, претставници на политичките партии и невладини здруженија денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола.