
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заклучно со денес во Центарот за јавно здравје во Битола земени се брисови од вкупно 320 лица за КОВИД-19. Од нив, кај 270 се земени по епидемиолошка анкета, а кај 50 лица преку матичните лекари по системот „Мој термин“.
Во болницата во Битола се лекуваат осум ковид позитивни пациенти, од кои три лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Досега од Ковид-19 се регистрирани 16 случаи во Битола.