АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ако до неодамна ретко кој носеше заштитна опрема низ улиците во Битола, сега полициските акции очигледно ја менуваат сликата. Речиси и да нема битолчанец кој не носи маска. Од полицијата велат дека за нешто повеќе од месец, издадени се над 1200 казнени налози на територијата на СВР Битола. Контролите се интензивираа во последните неколку дена, а битолчани апелираат полициските акции да продолжат со уште поголем интензитет.
-Уште построги треба дс бидат. Да ги казнува сите што не носат маски. Јас имам 80 година, кога можам јас да носам, можат и младите, вели битолчанец
-Треба да има контроли постојано, а не како досега. Ние луѓе како луѓе, таков ни е менталитетот, многумина не носат маски, рече друг битолчанец
Најинтензивни се контролите во пазрите,фреквентните улици, Широк Сокак и угостителските објекти. Полицијата заедно со државниот пазарен инспекторат направиле над 500 контроли и утврдиле неправиности кај 11 угостителски објекти.
-Не се плашиме од инспекциите, затоа што подобро е да ни укажат за грешките отколку да не казнуваат. Гостите воглавно се придржуваат на протоколите, но и ние ги потсетуваме како да се однесуваат, вели угостител
Во Битола од почетокот на кризата до денес регистрирани се вкупно 30 позитивни на КОВИД-19. Во моментот болеста е во тек кај тројца битолчани.