2win800x200

 

Интегрално го пренесуваме соопштението на Општина Битола:

„Општина Битола, во целост ги демантира денешните невистини, изнесени во соопштението на политичката партија СДСМ.

Општината за првпат оваа година во креирањето на Програмата за култура ги вклучи граѓаните и културните уметници, преку објава на анкета и јавни повици со кои целта беше да се сублимираат најдобрите културни понуди и да се одговори на предлозите и сугестиите кои ги имаа жителите на општина Битола, за креирање на квалитетна културна понуда за Битолското културно лето.

Големиот интерес и пристигнатите вкупно 250 апликации, во различните области од јавниот повик кој траеше од 25.10.2022 до 21.11.2022, бараа посветеност во евалуацијата со цел изработка на соодветна културна понуда, која ќе го следи новиот концепт, воспоставен од оваа локална самоуправа и широко прифатен од граѓаните и уметниците. Истиот минатата година, овозможи културна понуда на која професионализмот беше особено истакнат, а младите културни уметници и други уметности, добија можност низ офф програма да се претстават пред битолчани и гостите од странство, кои ги имаше во голем број на сите настани.

Општина Битола, првпат во досегашното работење, јавно и транспарентно на веб страната ги објави резултатите од сите спроведени јавни повици, вклучувајќи ја и Програмата за култура.

Процесот на работа, предвидува измени и дополнувања на различни програми, каде што се вбројува и Програмата за култура на општина Битола, донесена во декември минатата година и каде по завршувањето на процесот на квалитативна евалуација, се покажа дека културните уметници заслужуваат многу поголема поддршка од планираната. Измени на програмите и ребаланс на буџетот се начини на работа кои се во согласност со законите и се применувале во изминатиот период.

Ниту една политичка партија не смее да врши сквернавење на културата и културните уметници, со зборовите „Битфест беше и остана пералница за пари“ како што деновиве низ партиски соопштенија на СДСМ се нарекува фестивалот каде настапувале значајни имиња од културата, кои благодарение на нивниот ентузијазам, професионализам и креативност, настапувале на БИТ ФЕСТ и за тоа добиле соодветен финансиски надомест.

Општина Битола, апелира до сите политички партии, да ја остават политиката надвор од културата, затоа што Битола мора да продолжи културно да се развива и да напредува.

Општина Битола

 

После денешната информација дека Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО, ќе поднесе кривична пријава против вработен во Општина Битола, како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај, за примање на поткуп, Општина Битола, ги повикува и поддржува надлежните институции да преземат соодветни мерки и да постапат согласно важечките закони во Република Македонија.

Општина Битола активно се залага за јавност и транспарентност во работењето и нулта толеранција на корупција. Должност на општинската администрација е да работи во интерес на граѓаните и ниту еден административен службеник не смее да работи спротивно на законите и Кодексот во кој се пропишани етичките стандарди и правилата за однесување на административните службеници во односите на работното место, но и во приватниот живот и јавноста.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани