
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на прославата на 35 години од основањето на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, денес во Битола, на свеченост во Пациото на Завод и музеј Битола, се одржа промоција на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за општина Битола, Тони Коњановски. На прославата присуствуваше генералниот секретар на партијата Ѓоргија Сајкоски, пратениците Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Пеце Милевски, локални функционери, како и бројни гости и членови на партијата.