Досегашниот советник Бојан Бојкоски ја бара довербата од битолчани за втор мандат во Советот на општина Битола, како дел од листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. 
 
-Ми претставува огромна чест што по втор пат ќе бидам дел од листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Битола.
 
Искрена благодарност до Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Д-р Христијан Мицкоски, Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола Пеце Милевски, членовите на општинскиот комитет и месните комитети на ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, за дадената доверба и поддршка да бидам дел од победничката листа.
 
Оваа доверба за мене не е само признание, туку и голем поттик да продолжам со уште посилна енергија да се борам за интересите на сите граѓани на нашиот град.
 
Битола заслужува повеќе заслужува развој, нови инвестиции, нови проекти и пред се, чесна и посветена работа.
 
Пред нас е голема задача да ја вратиме надежта и да го продолжиме развојот на нашиот град.
 
Заедно со Тони Коњановски кандидатот за градоначалник на Битола и тимот советници Битола ќе продолжи да чекори по вистинскиот пат.
 
Ви ветувам борба за секој проект, за секој граѓанин!, порача Бојкоски .