Куновски побара поддршка од здравствените работници и вети подобрување на здравството во Битола

Октомври 06, 2025
Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Методија Куновски, заедно со кандидатите за советници, остварија средба со здравствените работници од градот.
 
Во атмосфера исполнета со почит кон „белите мантили“ – хероите на денешното време, Куновски ја изрази својата благодарност за нивната посветеност и пожртвуваност во грижата за здравјето на граѓаните.
Тој побара поддршка од здравствените работници и вети дека, како иден градоначалник, ќе биде целосно посветен на подобрување на здравството во Битола.
 
„Ќе се заложам за подобри услови во здравствените установи и за набавка на неопходна опрема со цел поефикасно функционирање на здравствениот систем“, истакна Куновски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани