Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски оствари средба со просветни работници од градот и други чинители во образовниот процес од основните и средните училишта во градот.
 
-На средбата го истакнав 
досегашното вложување во образованието се со цел подобрување на условите во образовните институции и заедничките активности со директорите на училиштата за подобрување на наставниот процес.
 
 
Изразив благодарност до наставниците и професорите за нивната посветеност и улогата што ја имаат во воспитно-образовниот процес на младите генерации.
 
Образованието е темел на развојот на нашата заедница. Со нивната љубов кон учениците се најважниот двигател на напредокот.
 
На средбата беа разменети идеи и предлози за понатамошно унапредување на инфраструктурата, дигитализацијата, вложувањето во спортските игралишта и во заштеда на електрична енергија со поставување на фотоволтаици, објави Коњановски .