Градоначалникот на Битола и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, денес оствари средба со лица со атипичен развој и граѓани од социјално загрозени категории.
-Остваривме искрена и значајна средба со лица со атипичен развој, лица од социјално загрозени категории од нашиот град, лица кои се со голема душа, срце и отворена
мисла.
Ги слушнав нивните приказни и предизвици со кои се соочуваат, како и тоа кои се нивни предлози се со цел подобрување на условите за нивно секојдневно непречено функционирање.
Само преку директна комуникација можеме да создадеме вистински решенија.
Како Градоначалник, но пред се и како човек останувам посветен на тоа општината да биде место каде секој човек ќе се чувствува прифатен, поддржан и вреднуван, објави Коњановски.