Битолчанката Олендије Али ја предводи советничката листа на коалицијата ВРЕДИ за претстојните локални избори во Битола.
Носителката Али објави - Со благодарност во срцето и со најголема одговорност ја прифаќам со чест мојата кандидатура како носител на листата за советници во Општина Битола од редовите на коалицијата ВРЕДИ.
Ова не е само политички чекор, туку ветување дека ќе работам за секое семејство и за една Битола каде секој граѓанин ќе има можности, надеж и доверба во иднината
Посебна благодарност упатувам до коалицијата ВРЕДИ за довербата и поддршката да го водам овој важен пат.
Со силата на единството и визијата што ни ја дава ВРЕДИ, влегуваме во оваа трка за да ја изградиме Битола помодерна, поинклузивна и со повеќе можности за сите. Тоа е нашата визија и моето непоколебливо ветување пред вас, објави носителката на коалицијата ВРЕДИ, Олендије Али