Екс градоначалничката Наташа Петровска се „враќа“ меѓу своите, денеска на чај со кандидатот за советник Јане Велковски

Октомври 07, 2025
Поранешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска последниот период се почесто може да се види во јавноста со кандидатите за градоначалник и советници на СДСМ за претстојните локални избори. По кафето испиено со кандидатот за градоначалник Методија Куновски и екс градоначалникот Златко Вршковски, таа е се поблиску до своите сопартиијци и учесници на локалните избори.
Кандидатот за советник Јане Велковски кој е на седмата позиција на листата за советници на СДСМ денеска објави за пријателска средба со поранешната градоначалничка Петровска. 
За Петровска впечатокот на јавноста беше дека по локалните избори во 2021 години се дистанцира од ОО на СДСМ во Битола, иако во многу наврати се зборуваше дека партијата буквално ја моли да прифати кандидатура за градоначалник за овие локални избори. 
 
-Денес на чај со поранешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска.
Разговаравме отворено – за искуствата, предизвиците и за тоа како искрено се сака Битола.
Нè поврзуваат заеднички вредности – чесност, посветеност и искрена грижа за Битола и битолчани. Верувам дека само со таков пристап можеме да изградиме почесна, праведна и современа Битола – град каков што сите заслужуваме, објави Велковски.
 
 
А.Б 
фото фејсбук Јане Велковски 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани