
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Александар Талевски - Крт кандидат за советник на листата на граѓанската иницијатива ГРИН, отсега најавува дека ако ја добие довербата на битолчани за влез во Советот на Општина Битола ќе го донира советничкиот паушал на свои сограѓани и институции на кои им се потребни средства за живот и функционирање. Талевски е трет на листата на ГРИН, тој е познат бизнисмен од градот а во последните години е активен во секторот на градежништво.