Актуелниот градоначалник на Битола и кандидат за втор мандат Тони Коњановски денеска оствари средба со Даница петличкова претеседател на Здружението на пензионери од Битола и други претставници од здружението.
-Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат
нашите пензионери, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот.
Пензионерите се генерација што дала многу за развојот на нашата заедница и заслужуваат внимание, почит и поддршка.
Како локална самоуправа остануваме посветени на реализација на активности и проекти што ќе овозможат поактивно и достоинствено учество на постарите сограѓани во општествениот живот, изјави Коњановски.