Поранешните советници на СДСМ му дадоа поддршка на Методија Куновски

Октомври 13, 2025
Дел од поранешните советници на СДСМ му дадоа поддршка на кандидатот за градоначалник  Методија Куновски и испија со него кафе. Општинската организација објави фотографии од средба на Куновски со поранешни советници во битолскиот Совет, меѓу кое се Емилија Костурска, Славе Најдовски, Влатко Шеровски, Стевче Илиевски, Менде Диневски, Жанета Наумовска, Елена Кромидаровска. Дел од присутните на средбата се и сега кандидати за советници како Петар Николовски, Јадранка Павловска, Александар Дракуловски. 
 
-Средба и кафе дружба на кандидатот за градоначалник  Методија Куновски со поранешни советници во Советот на Општина Битола од СДСМ Битола.
Во пријатен разговор и споделени многу искуства, Куновски несомнено ја има поддршката од целото претходно раководство. Пораката е јасна, ако силата е во единството, се наоѓаме на вистинскиот пат до победа во Битола!, објавија од СДСМ Битола.
 
Според објавените фотографии недостасуваат истакнати советници и од последниот состав на Советот и од тие претходно кога на чело на општината беше Наташа Петровска. Можеби од оправдани причини, но на фотографиите не се Методија Илиевски и Борче Корлевски советници во неколку мандати, не е Мирјана Захариевска - Ралевска, носителот од минатите избори Александар Димовски, Татјана Крнчева (актуелен кандидат), Виолета Дракалска и други. 
 
Инаку, утре е централниот предизборен митинг на СДСМ во Битола во 20 часот во големата сала во Центарот за култура каде се очекува сплотување на сите фракции во општинската организација со цел позитивни резултати за Куновски и советничката листа на гласањето в недела. Според најавите на митигот ќе се обрати лидерот на партијата Венко Филипче, кандидатот за градоначалник Методија Куновски и носителот на советничката листа Петар Николовски. 
561535333 1226197506217671 1265685134425756306 n
564017261 1226197472884341 4750365041267025920 n
 
А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани