Денес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.С.(26) од Битола, поради постеоње основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Мајка  пријавила дека нејзиниот малолетен син завчера бил физички нападнат од четири лица кои се обиделе да го стават во патничко возило, но биле спречени во намерата од неговит чичко.

Со засилените сообраќајни контроли што на подрачјето на СВР Битола ги спроведе сообраќајната полиција за време на викендот, односно од 11 до 13 јуни, казнети се вкупно 169 возачи. 60 управувале возила без возачка дозвола, 54 со брзина поголема од дозволента, под дејство на алкохол 33 возачи и сите биле исклучени од сообраќај, а 17 возила не биле региструрани, односно им била измината регистрацијата. Пет возачи разговарале на мобилен додека управувале со воизлата. Од СВР Битола инфомираат дека сите се санкционирани

Со новите законски измени, посебната паралелка во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ прераснува во Центар за поддршка на учењето на децата со попреченост на територијата на Општина Битола, со што ќе се обезбеди инклузија на сите ученици кои што имаат одредени потешкотии.

Со блокада на една од најфреквентните сообраќајници во центарот на Битола, ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи протестите кои започнаа вчера во Скопје и во уште 10 градови низ дражавата под мотото „Доста е, излези за Македонија“. Во Битола протестот започна во 15 часот на крстосницата меѓу улиците „Никола Тесла“ и „Димитар Илиевски Мурато “ и ќе траеше до 17 часот. Целта е како што велат од партијата, власта да го даде на увид Патокозат во преговорите со Бугарија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани