Webp.net gifmaker

Горан Милевски се кандидираше за градоначалник на Битола

Септември 11, 2021

Горан Милевски синоќа ја достави  кандидатура за градоначалник на Битола  во централата на партијата. Денес, овластениот претставник на "Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола. 

 
-Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Не можев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник.   Доколку не се кандидирав, ќе имав чувство дека сум ги предал очекувања и барања на моите пријатели и сограѓани. Тоа ќе беше голем товар за мене и немаше да можам да продолжам да работам со таквите чувства.
 Влегувам во трката без никакви притисоци за изборниот резултат. Ќе понудиме проекти, ќе ја претставиме нашата визија за развој на градот и ќе се обидеме да ги убедиме граѓаните да гласаат од срце, а не по наредба. Граѓаните ќе имаат шанса, заедно да сработиме и да ја направиме Битола подобро место за живеење. 
Ќе имаат шанса да гласаат за личност, не за партија, да бидат сигурни дека следните четири години ќе работиме чесно и во интерес на битолчани. Ќе настапиме со тим на кандидати за советници во кој има голем број на непартиски луѓе, ентузијасти, со желба на направиме заедно промени во Битола. Големи финансиски средства немаме за трошење во оваа кампања, но тоа ни дава слобода потоа никому да не должиме ништо, освен на граѓаните, објави Милевски
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани