Заменик министерот за економија Марјан Ристески денеска беше во посета на Битола на Агенцијата за вработување, со што го заврши двонеделниот инфо-караван за промовирање на мерката за самовработување. Ристески оствари средба со раководителката на Агенцијата за вработување Јешим Сејфуловска.
-Жителите на Битола покажаа голем интерес за оваа мерка и заклучно вчерашниот ден пристигнаа 180 апликации, објави Ристески. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорот на ЕСМ Молика Горан Исков.  FB_IMG_1783111181680

– Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.

Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.

– По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Страница 1 од 5

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани