Горан Милевски синоќа ја достави  кандидатура за градоначалник на Битола  во централата на партијата. Денес, овластениот претставник на "Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола. 

Јавната набавка за фотоволтаиците на ЈП Пазари, од ВМРО ДПМНЕ денеска ја нарекоа скандалозна и обвинија за злоупотреби. Од ЛДП му одговорија пред да зборуваат за злоупотреби, од ВМРО ДПМНЕ да се извинат за 12 годишното постушење на градот.

Битолчанецот Горан Милевски и понатаму останува на челната позиција на Либерално –демократската партија. На седмото Изборно собрание што се одржа денес Горан Милевски беше реизбран за лидер на партијата.

Од 339 присутни делегати, за претседател на тајното гласање се изјаснија 335 делегати, од кои:
- 294 гласаа за Горан Милевски;
- 31 гласаа за Никица Корубин;
- 10 неважечки ливчиња.

„Оваа голема доверба што ми ја укажаа делегатите ме обврзува да работам со уште поголема енергија и мотив, да се бориме заедно за либералните вредности и идеали“, напиша Милевски на својот фб профил.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани