АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот од ЛДП во општина Битола, Валентин Груевски во гостувањето на ТВ 24 рече дека неговата партија нема да поддржи ваков формат на Законот за легализација на дивоградби. Вели дека ќе поднесат суштински амандмани за да се променат делови од Законот..
-Една од најспорните позиции е членот 41 од законот за запирање на сите постапки кои досега се воделе и се суспендира работата на сите градежни инспектори и на сите инспекции во државата и општинските инспекторати. Тоа значи дека тие постапки кои сега се запираат, доколку имало дивоградба за која се вдело постапка, сега се запира и тој објект ќе се легализира, вели Груевски.
Смета дека се работи за лош закон кој треба да претставува продолжување на законт донесен во 2011.
-Тој закон беше лош, криво поставен и сѐ на него што ќе биде дограденое лошо. Дозволата повторно да може да се гради на државно земјиште е опасно, зошто со законов, може да се изгради куќа на државно земјиште смета Груевски.https://www.24.mk/details/gruevski-za-tv-24-ldp-nema-da-go-poddrzhi-vakviot-format-na-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbi