2win800x200

Ќе се реконструираат уште 10 улици во Битола

Мај 18, 2021

 

Општина Битола ја заврши постапката за јавна набавка за реконструкција на повеќе улици, при што се склучени договори со изведувачите за реконструкција на улиците „Ѓорги Ѓоргиев Џоџа“, „Пробиштип“, „Цане Василев“, „Кленовец“, „Херцеговина“ и „Ѓорги Беќаров“. Избран е изведувач и за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе. Во тек се постапки за јавни набавки и за реконструкција на улиците „2 Август“, „Македонска фаланга“ и „Солунска“.
Во меѓувреме продолжуваат градежните активности во Општина Битола за реконструкција на 9 улици. На дел од нив се врши промена на инфраструктурата, по што ќе следува асфалтирањето, а дел од улиците, кои што имаат добра водоводна и канализациона мрежа, ќе добијат нов коловоз. Сите инфраструктурни градежни работи се одвивааат на локации каде не е интервенирано со децении.
 
Можно е да е слика од стоење и надвор
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани