Сметам дека нападот што се случи вчера е поради нервозата што доаѓа од изгласувањето на законот за употреба на јазиците. Не можам да коментирам дали е организирано сето ова, вклучувајќи ги и протестите пред домовите на пратениците, но во секој случај треба да се сфати сериозно.Претпоставувам дека целата клима која се создаде во јавноста за нас пратениците доведе до ваквото непресметливо однесување, и ако е тоа, му порачувам дека ниту мене ниту другите колеги вакви настапи и чинови на насилство нема да не поколебаат во нашата крајна цел членството во НАТО и ЕУ, изјави битолскиот пратеник Горан Милевски за Макфакс, по вчерашниот инцидент  кога на улица беше физички нападнат од минувач. 

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски,  вели дека вчерашниот инцидент е срамен чин и неуспешен обид да се попречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој тврди дека иако дојде до елиминација на некој функционер или пратеник, Македонија ќе остане на зацртаниот пат и дека политиката која тие како владејачко мнозинство ја водат нема да биде спречена.

-И да нè елиминираат ова е политика што ќе ја спроведе некој друг. Нашата интенција е Македонија да влезе во НАТО и ЕУ и вакви испади нема да нè поколебаат тоа да го реализираме. Стратешките цели на Македонија се многу поважни од индивидуалните дејанија на лицата, вели Милевски.

Љубица Стерјова од денеска е новата директорка на ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола, таа доаѓа по предлог на Либерално-демократската партија. Стерјова повеќе од 10 години е  одделенски  наставник , а има и девет годишно искуство како менаџер-асистент и едукатор во УНИЦЕФ на неколку проекти.

ЛДП,  чии лидер е  Горан Милевски,  по поделбата на власта на општинско ниво, доби клучни позиции во управувањето на локалната самоуправа, а веќе ги враќа и старите раководни места во битолското образование.

Постигнавме апсолутен рекорд по бројот на освоени гласови во плуралистичка Македонија, и за градоначалник и за советничка листа , рече Валентин Груевски , носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата, денеска на прес-конференција, заблагодарувајќи им се на граѓаните на Битола , за огромната поддршка на  локалните избори  во неделата.

-Победата на коалицијата „Живот за сите“ на локалните избори е величествена , над очекувањата, чиста како солза, победа на која не може да и се стави ни најмала забелешка-рече Груевски, кој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Битола.   

-Сите ние ја браниме Македонија. Каде бевте вие во 2001 година? Ете ја мојата воена книшка, бев на првата борбена линија да ја бранам Македонија. И што сте поголеми патриоти вие што излегувате во 18 часот на протестите на Тврдокорните, од мене?

Страница 4 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани