АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сметам дека нападот што се случи вчера е поради нервозата што доаѓа од изгласувањето на законот за употреба на јазиците. Не можам да коментирам дали е организирано сето ова, вклучувајќи ги и протестите пред домовите на пратениците, но во секој случај треба да се сфати сериозно.Претпоставувам дека целата клима која се создаде во јавноста за нас пратениците доведе до ваквото непресметливо однесување, и ако е тоа, му порачувам дека ниту мене ниту другите колеги вакви настапи и чинови на насилство нема да не поколебаат во нашата крајна цел членството во НАТО и ЕУ, изјави битолскиот пратеник Горан Милевски за Макфакс, по вчерашниот инцидент кога на улица беше физички нападнат од минувач.
Лидерот на ЛДП, Горан Милевски, вели дека вчерашниот инцидент е срамен чин и неуспешен обид да се попречи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тој тврди дека иако дојде до елиминација на некој функционер или пратеник, Македонија ќе остане на зацртаниот пат и дека политиката која тие како владејачко мнозинство ја водат нема да биде спречена.
-И да нè елиминираат ова е политика што ќе ја спроведе некој друг. Нашата интенција е Македонија да влезе во НАТО и ЕУ и вакви испади нема да нè поколебаат тоа да го реализираме. Стратешките цели на Македонија се многу поважни од индивидуалните дејанија на лицата, вели Милевски.