АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Намалување на производствената цена на струјата за 1,5 проценти или 0,6 евра бара ЕЛЕМ од Регулаторната комисија.
-Минатиот период ЕЛЕМ постигна многу позитивни финансиски резултати во своето работење. Поради домаќинското работење, намалените трошоци, одговорното работење на менаџментот, оптималното искористување на производните капацитети, продажбата на вишоци, која беше направена во изминатиот период и која следи во периодот пред нас, дозволија ЕЛЕМ во барањето за определување на максималниот регулиран приход за 2018 година, да побара намалување на цената за АД ЕЛЕМ за 1, 5 проценти за годинава. Tоа ќе значи намалување од 41 евро на четириестеина евра за гигават час. Се надевам дека и другите компании ќе не следат и ќе има на крај позитивен ефект врз сите граѓани на РМ. Тоа е нашето барање, доколку Регулаторната комисија смета дека има дополнителни можности за намалување тоа ќе го спроведи“, изјави Миновски.
Дали намалување на производствената цена на струјата, ќе значи и поевтина струја за граѓаните, одлучува Регулаторна комисија.