2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општините да ги намалат непродокутивните трошоци за да обезбедат струја, рече премиерот Ковачевски

Април 04, 2022

На новинарско прашање како Владата ќе одговори на поплаките на Општините дека енергетската криза негативно се одразвува врз нивнотото работење и дека тие не можат да си ги платат фактурите за потрошената електрична енергија, премиерот Димитар Ковачевски им порача на Општините да ги намалат непродуктивните трошоци за да можат да обебзбедат непречно снабдување со електрична енергија

„Цената на електричната енергија е покачена секаде за 4-5 пати, а некаде и повеќе. Она што Владата го направи, прво е зголемување на производството на електрична енергија во државата и тоа е зголемено. Второ, при правењето на буџетот за 2022 година оставивме резерва во буџетот во висина од 130 милиони евра за да може прво да се обезбеди ликвидност на енергетските компании во државата. Врз основа на тој концепт ние правиме субвенционирање на цената на електрична енергија за граѓаните во износ од некаде 80% што значи дека доколку не е тоа субвенционирање цената на електричната енергија која граѓаните ја плаќаат би била во просек месечно поголема за 2.150 денари. Општините исто така имаа можност да ги направат буџетите така како што го направивме државниот буџет со резерви за електрична енергија, со намалување на непродуктивни трошоци, Тој пример треба да го следат и општините бидејќи во време на криза треба да се штеди, потребно е да се намали одредена група трошоци која не е непходна во вакви услови за да можат да обезбедат непречено снабдувње со електрична енергија“, рече премиерот Ковачевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани