2win800x200

Јадранка Павловска ќе биде нов советник по заминувањето на Зоран Ѓоргиев-Микша

Јули 12, 2022

Јадранка Павловска која беше дел од советничката листа на СДСМ и коалицијата на последните локални избри во Битола, ќе биде новиот советник во  Советот на Општина Битола, откако од оваа позиција заминува Зоран Ѓорѓиев -Микша, од коалицискиот партнер НСДП. Досегашниот советник на НСДП во Советот на Општина Битола,  Ѓоргиев, најпрво стана извршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, а сега е нов директор на ПУИНГ. 

Павловска е член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Битола и е долгогодишен партиски активист. Се поизвесно е дека Павловска ќе биде и новиот претседател на Форумот на жена на ОО на СДСМ Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани