Битола добива прв фестивал посветен на етно филмови во рамките на Илинденски денови

Јули 16, 2022

Од 18 до 23 јули Центарот за култура во Битола е организатор и домаќин на овој прв фестивал од ваков тип кај нас посветен на широк спектар на етнографски филмски теми и авторски пристапи во истражување на традиционалното, но и модерниот начин на живот на заедниците.

Селектор на овој филмски фестивал е Тони Гламчевски, новинар од Франција кој со својата сопруга Блондин, таму организира свој фестивал и за оваа прва година направен е избор на 11 филмови, од кои 6 се долгометражни.

Селектираните филмови опфаќаат широк лак на интереси од културолошка тематика, како и социјална антропологија од повеќе континенти. Мисијата на овој Интернационален етнографски филмски фестивал е да ги охрабрува истражувачките и создавачки пристапи во етнографските филмови, да ја едуцира публиката за богатството и разновидноста на локалните културни традиции, но и да го буди гласот на совеста кај проблемите на современите општества предизвикани од недоволната грижа за културното наследство.

Влезот за сите проекции ќе биде слободен.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани