2win800x200

Ѕала Бојкоска, НВО Семпер: Поддршката на жртвите од семејно насилство во Пелагонискиот регион не е на задоволително ниво

Јули 17, 2022

Здружението за еднакви можности СЕМПЕР од Битола, од август 2021 година го спроведува  проектот „Застапување за обезбедување на пристапни сервиси и жртви на родовобазирано насилство и семејно насилство во Битола – Пелагониски регион” кој се реализира со финансиска поддршка од Фондацијата Квина тил Квина (Kvina till Kvina Fondation) истиот e во рамки на проектот  „На патот кон ЕУ: Спречување на насилство врз жените во Република Северна Македонија” спроведуван од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

​ За целите на проектот се направи анализа на состојбата со родово базираното насилство и пристапноста на специјализираните сервиси за помош на жртвите на родово базирано насилство и нивните деца. Анализа ја отсликува фактичката состојба со достапните услуги  односно специјализираните сервиси за жртвите на родово базираното насилство како и состојба со насилството врз жените во Пелагонискиот регион

Апла.мк: Што покажа истражувањето што го направивте во рамките на проектот, каква е состојбата со семејното насилство во Пелагонискиот регион низ бројки?

Ѕала Бојкоска: Во Пелагонискиот регион се правеше истражување во периодот од јануари 2020 до јуни 2021, а податоците покажуваат дека имаме 588 жртви на семејно насилство, од кои 412 се жени,12 деца. Пријавените случаи по кои се постапува е поради психичко насилство и тоа во 522 случаи, физичко насилство е евидентирано кај 135 жртви, кај 5 жртви е евидентирано економско насилство и има 2 пријави за сексуално насилство. Според добиените податоци од МВР на подрачјето на СВР Битола во 2020 и првите шест месеци во 202 1извршени се 215 кривични дела во врска со семејно насилство, а како жртви најголем број се жени, 183 и 57 мажи

Апла.мк: Жртвите на семејно насилство се почесто се охрабруваат да ги пријават насилниците, но колку ги користат услугите на Центрите за таа намена?

Ѕала Бојкоска: Зачудува податокот дека иако во регионот се евидентирани голем број жртви на семејно насилство, од нив само 8 жени со нивните деца биле сместени во центар за лица жртви на семејно насилство во Битола. Ова може да укажува дека жртвите поради условите и понудените услуги повеќе преферираат да најдат други решенија, отколку да ги користат услугите на овој Центар. Но, може исто така, да укажува и на вкоренети ставови, стереотипи и предрасуди, жртвите прво решение за излегување од насилната средина го изнајдуваат со враќање кај своите родители, притоа не земајќи ги предвид постоечките ризици од повторување на насилството..

Апла.мк: Каква е состојбата со постоечките центри за помош и поддршка на жртвите на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион? Дали ги задоволуваат потребните стандарди?

Ѕала Бојкоска: Нашата анализа имаше за цел да ја отслика состојбата во однос на пружање помош на жртвите на семејно насилство во Пелагонискиот регион, колкав е нивниот капацитет, какви сервиси имаме, каква помош нудат, кои стручни лица ја даваат таа стручна помош. Од Министерството за труд и социјална политика добивме официјални податоци дека во Пелагонискиот регион има еден Регионален центар за жртви на семејно насилство во Битола, еден Кризен центар за жртви на семејно насилство во Прилеп и две Советувалишта, едно во Прилепи еден во Битола. Иако фактички постојат вакви Специјализирани сервиси, услугите и пристапот на истите не е на задоволително ниво. Недостасува стручен кадар, иако постои голема мотивација кај вработените во Центрите за социјалана работа да пружаат помош, која и онака ја пружаат преку тековната работа, но како специјализирана услуга која е предвидена и во рамките на Конвенцијата на Советот на Европа, во Пелагонискиот регион не ги задоволуваат стандардите и кадровски и по однос на сместувачки капацитет. Согласно стандардите, во Пелагонискиот регион според бројот на жители каде има 236 илјади жители треба да има 23 семејни места во Центрите за привремен престој односно засолништа , а во моментот има десетина во Битола и Прилеп, што значи недостасуваат уште 13 места за жртви на семејно насилство. Во Пелагонискиот регион треба да има 2 Советувалишта и еден Кризен центар за жртви на сексуално насилство и силување, што е според стандардите на 200 илјади жители. Во Пелагонискиот регион не постои активна СОС линија за помош и поддршка на жртвите на насилство. Во Центарот за социјална работа има мобилен телефон каде можат да се јават, но СОС линија, како што има на национално ниво, во Пелагонискиот регион не постои, иако сметам дека треба да се отвори ваква линија и тоа на повеќе јазици. Во догледно време и локалните власти и сите ние треба да се заложиме и да лобирам за воспоставување на специјализирани сервиси за пружање помош и поддршка на жртвите на родово базирано насилство и нивните деца.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани