2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Комплетно ќе го дигитализираме фондот на Браќата Манаки, вели Гоце Стојановски, раководител на Архивот во Битола

Јули 22, 2022

Зошто е неопходна дигитализација на творештвото на Манаки?

Г.С.: Фондот 580 Браќа Манаки е откупен во 1965 година од страна на тогашниот Околиски архив и повеќе од пет децении е најистражуваниот и најексплотираниот фонд во нашето Одделение и не залудно велиме дека можеби е и најбараниот архивски фонд на Балканот. Ретко кој може да се пофали дека има толку многу богат фотографски материјал, па доаѓаме до мотивот да го заштитиме нивното целокупно творештво. Она што ни е денес достапно како една од алатките за заштита на архивскиот материјал е дигитализацијата која се наметнува како неопходна во архивското работење. Процесот на дигитализација  како неопходен го гледам низ два аспекти. Првиот дека ќе створи услови за минимална манипулација со оргиналниот материјал или речиси истата ќе биде и непотребна во иднина со што ќе овозможиме заштита на долг рок на тој материјал кој го поседуваме, а вториот аспект е што дигитализираниот материјал ќе овозможи побрз проток на информации кај истражувачите, а соодветно на тоа би се популаризирало уште повеќе нивното творештво на глобално ниво. 

Од кого е грантот што го добивте за дигитализација?

Г.С. : Дигатализацијта на Фондот Браќа Манаки ќе се прави во рамки на Endangered Archive Program која ја води British library (Британската лабораторија), а истата е финансирана од Фондацијата Аркадиа. Досега во рамките на оваа програма од она што можиме да прочитаме овозможени се повеќе од 400 проекти во 90 држави и на повеќе од 100 јазици. Нашиот проект ќе биде финансиран токму во рамките на оваа програма и тоа со 46 300 фунти во траење од 24 месеци. Во проектната документација односно во самата апликација предвидовме дека за да ја сработиме комлетно дигитализацијата на овој фонд ни е потребна соодветна техничка опрема како на пример професионални скенери, фотоапарати, комјутери и слично како и соодветно обучен тим за ваква операција. Предвидени се обуки за тимот кој е составен од вработените од Битолскиот архив кој покрај редовните работни задачи ќе имаат дополнителен ангажман за самиот проект, а она што е најважно е дека речиси секој од нас ќе биде и во иднина подготвен за наредни предизвици затоа што сум убеден дека процесот на дигитализација е процес кој ќе мора да биде позастапен кај нас. Во рамки на проектот ќе имаме и едно истражувачко патување во Пловдив каде што Јанаки работел подолг период од каде што имаме исто голем број фотографии и ова патување ни е потребно да го истражиме повеќе таканаречениот Пловдивски период од нивното творештво со цел да обезбедиме побогат опис на дел од фотографиите.

Каде ќе можат да се најдат податоците на Фондот по дигитализацијата?

Г.С. Многу значајна ќе ни биде и метадата каде ќе ги уфрлиме сите податоци за фотографиите па ќе може насекаде низ светот брзо и лесно да се прабарува. Целокупниот процес на дигитализација ќе се одвива во Одделение Битола и го почнуваме во месец септември оваа година.

Кој се ќе биде вклучен во тимот за дигитализација?

Г.С.: Минатата година со колегите Марија Дурлова и Димитар Ѓорѓиевски решивме да ја подготвиме прелиминарната апликација и истата ја доставивме по што добивме позитивен одговор и требаше да подготвиме детална апликација. На тој начин го формиравме најпрвин тимот според кој јас како главен апликант ќе го менаџирам проектот, а споменатите колеги како коапликанти ќе ја координираат работата. Тимот е составен уште од седум колеги и колешки, Христина, Марија, Душко, Јасна, Ивана, Нуртен и Катерина и тоа би биле архивските работници кои ќе го дигитализираат овај исклучителен фонд. Самата апликација би била безвредна доколку зад нас не застанеше директорот на Државен Архив д-р Емил Крстески кој визионерски одлучи дека ова е одличен проект кој ќе го однесе творештвото на Манаки во светот и ни даде безрезервна подршка со неговиот интегритет, искуство, храброст и заложба за модернизација и дигитализација на архивското работење. Навистина неговата доверба во нас беше дополнителен мотив да одиме до крај со овај проект и конечно на светот да му го однесиме и Балканот затоа што творештвото на Манаки ја надминува територијата на Македонија. Морам да признам дека еуфорично прославивме кога беше потпишан договорот за грант од страна на нашиот директор затоа што и убаво ја личи и ќе ја личи Битола на мапата на светот и сигурени сме дека откако ќе биде целосно дигитализиран Фондот Манаки и истиот ќе биде поставен на платформата на Endangered Archive Program на British library Битола ќе стане еден од најцитираните градови кај истражувачите. Би сакал исто така да изразам благодарност и кон колешката Елисавета Марковиќ од Скопје која истрча со нас при комплетирањето на соодветните административни процедури. 

Колкав обем од фондот ќе биде опфатен со дигитализацијата? 

Г.С.- Она што во самата апликација не обврзува и треба да го испорача овај проект е бројка од 20000 дигитализирани фајлови. Приоритет се фотографиите и негативите, но ќе биде дигитализирана и документацијата која е сместена во 6 архивски кутии. Што се однесува до конкретни бројки за фотографскиот материјал околу 7000 стаклени плочи (негативи) околу 3000 рол и план филмови и околу 10000 оргинални фотографии. Морам да напоменам дека процесот на дигитализација на овај материјал ќе ни овозможи и докрај да го истражиме фондот затоа што еве на пример рол и план филмовите никогаш не биле предмет на интерес нити пак сме имале технички можности да ги погледниме. Навистина со нетрпение очекуваме да ги отпаковаме после повеќе од пет децении чување. За историчар или архивски работник нема поголем предизвик од отворање на нов материјал, а кога ќе додадеме дека тоа не е било кој материјал туку е онај на браќата тогаш ќе речам дека сонот стана реалност.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани