АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Старо битолско евресјко семејство Исак кое денес живее во Америка донираше сто килограми материјал за чување и одржување на раритетниот фотографски материјал за битолските Евреи во Државниот архив- одделение Битола.
„Значајна донација која ќе биде од долгорочна помош во делот на чување и обраоботка на раритетен фотографски фонд кој се однесува на историјата на битолските Евреи. Донираа вредни материјали од специјални кутии, амбалажа, кошулки, бескиселинска хартија која не ги оштетува фотографиите и овозможува со понатамошното чување да бидат во кондиција за уште поголеми истражувања“, вели Ивана Хаџиевска, помлад соработник во Државен архив- одделение Битола, магистер на историски науки.
Џо Исак заедно со сопругата и двете деца го посетија Битолското одделение на Државниот архив. Џо, кој денес живее во Вашингтон, раскажа дека неговиот дедо ја напуштил Битола во 1903 година, а останатите челнови од семејството кои останале тука биле депортирани во озлогласените логори на смртта во Втората светска војна.
За соработката се залужни раководителот на Одделението во Битола, Гоце Стојановски и Димитар Ѓоргиевски , помлад соработник во истата институција.