2win800x200

Костадиновска-Стојчевска: „Илинденски денови“ се културното ехо на Манифестот од 1903-та

Јули 26, 2022

„Илинденските денови“ се културното ехо на Манифестот од 1903-та и универзалниот повик за слобода и за човечки правдини. Ние, Македонците, одамна ја дигнавме главата, но не за да покориме некого туку за да живееме во разбирање со секого. Нашата вековна мудрост нė научи дека оној што ни задал низок удар веќе доволно се наведнал пред нас и се понижил и пред историјата и пред фактите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на вечерашното отворање на 52. Интернационален фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

-Нашето срце, од колено на колено, бие во седум осмински такт зашто само така сме живи. Ние песна не украдовме, ние песна подаривме. Ние оро не позајмивме, ние на оро повикуваме. На овој бел свет, верувам, не постои човек кој барем не слушнал колку е и „проста и строга“ македонската песна, колку е длабока македонската музика, колку е страствен, а тежок чекорот во македонското оро . И оттаму велиме,ако има некој што не ја знае и не ја разбрал нашата историја, нека ја запее нашата песна, нека го изигра нашето оро – тие ќе му кажат сė, рече Костадиновска- Стојчевска.

Таа повика сите песни и игри од три континенти – нека одекнат низ Битола, преку Широк сокак и Хераклеја да грмне низ коријата до славно Крушево. Ова е екот во чест на сите кои од дното на своето срце викнаа ура, ја создадоа првата Република на Балканот и ни го подарија македонскиот празник над сите празници – Илинден. Зашто без него ни АСНОМ 44-та, ни 8-ми септември 91-ва.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани