2win800x200

Денес и утре невреме со пороен дожд, грмежи и ветар, од недела благ пад на температурите

Јули 27, 2022

Времето денес (27.07.2022 год.):

Претпладне сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ=8

 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата.
 
Извор: УХМР
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани