АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Озлогласената чешма во месноста Кисела Вода во Битола зеде нови жртви. Овој пат од смртоносниот гас што го испушта изворот се угушија битолчаните А.Н. (68) и К. Н. (63). Од СВР Битола соопштија во 16.24часот од Итна медицинска помош-Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано.„Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.
Од Битолската протовпожана единица соопштија дека тројца пожарникари со маски и опрема слегле кај јамската чешма и ги извлекле двајцата мажи, но веќе биле мртви.
Неофицијалчно се работи за браќа, а очевидци раскажуваат дека двајцата пешачеле и слегле кај јамската чешма со кисела вода.
Оваа таканаречена чешма убиец во Битолско доасега има одземено повеќе животи. Надлежните во изминатите години имаа соопштено дека со тоа што е спуштена под површинското ниво долу собира отровен гас кој е причина за повеќе смртни случаи до сега. Во деведесетите години на овој начин после матуркста забава се имаше угушено матурант од Битола.