2win800x200

Илиевски : Нема реализација на ниту еден еколошки проект ветен во предизборие, Илиевска возврати: А бе не научи шо е животна средина

Октомври 28, 2022

Измените во програмата за животна средина која се најде пред Советниците на пoслeдната седница на Советот, отвори дебата за тоа што е направено во последната година откако мнозинството го предводи ВМРО ДПМНЕ со Поинаку. Од  СДСМ обвинија дека нема реализација на ниту ден капитален еколошки проект од оние кои беа ветувани во предизборието за подобрување на животната средина, а  Буџетот предвиден за оваа програма е помал отколку на претходната локална власт предводена од СДСМ. 

 
-Комисијата за животна средина на Општина Битола во изминатите 10 месеци има незабележителна работа. А претходно се дискутираше дека животната средина е најбитното нешто и дека сите заедно треба  да работиме и да не бркаме политички поени. Тие кои дискутираа така во изминатиот период, денес кога се на власт и се битни чинителни во менаџирањето на Општина Битола. П ремалку направија,  а премногу ветуваа. Кога  низ годините нанaзад имавме Буџет од  6,7,8, 9, 10 милиони денари се кажуваше дека  е малце. Зборувам за капитални, долгорочни проекти и нешто што сега ќе го сработиме и ќе го видиме во после неколку години. Такво нешто во оваа година не се случи и не може да се случи со Буџет од 8 милиони денари. Оваа точка произлезе од тоа што треба да се изработи физибилити студија за проектот со видео надзор.  Некој по 10 месеци вели немаме физибилити студија. Кога ја преземавте власта требаше да знаете, бидејќи испадна дека гласовите на граѓаните ги добивте со лажни документи, рече советникот Методија Илиевски од СДСМ. 
 
На ова реагираше претстедателката на Советот, Габриела Илиевска, која   обвини дека сите се опседнати со проектите на Поинаку кои не можат да се реaлизираат од партиските кадри вработени  од  партиите. Налутено возврати дека сите се договорени меѓу себе да зборуваат само за проектите на Поинаку, наместо за злоупотребите на директорите.
 
-Сакав да се воздржам од дискусија  до носењето на Буџетот за некои работи, но гледам дека овде сте опседнати со Поинаку и едните, и другите и третите. Ќе се сложам во една работа со колегата дека е точно дека не само во претходниот, туку и во предпретходниот мандат апсолутно  никој не работи на  животна средина и не можи да работи, затоа што се истите луѓе. И не само што се истите луѓе туку се надградени со дополнителни партиски послушници шо ги влечкате од партиите. Во изминатите 10 месеци се трудам да ќутам и да дадам шанса и на едните и на другите и на третите да почните да го вадите чоечкото од вас, но очигледното не можите бидејќи ве убива потребата да имате апсолутна власт во градот. Никој не излегва да кажи дека има енергетска криза, дека РЕК загадва, дека има злоупотреба на службата на директори, ама најважно е прифатилиштето, Копанки, паркот и камерите. Заедничка цел имате. Вие колегата сте најмалку повикан да зборувате за животна средина бидејќи вашата партија уште ги ветува филтрите на РЕК и уште сме Општина со  најголем број заболени од рак. Договорени сте меѓу вас и 10 месеци ги збораате само проектите на Поинаку, рече Илиевска
 
Илиевски и одговори дека никој не може да се изземе од политичка одговорност 
 
-Ако некој се пронаоѓа во моите дискусии и си ја има мувата на капата јас не сум виновен. Јас во моето претходно излагање зборав за  процентот на реализиција на програмата за животна средина која ја донесовме на крајот на 2021 година. Сакав со мојата дискусија да констатирам дека  програмата со ребалансот ја намаливме, а коако што гледам ниту таа нема да се реализира. Никој не може да се изземе од одговорноста дека тоа не се направила од таа и таа причина. Јас вас не ве споменав, претседателке, а ако ве тангира што споемувам одреден проекти кои вие ги презентвате пред битолчани, а сега не можете да ги ралзирате со одредената  динамика, јас не ви сум крив. Во случајот треба со  вашите политички партенри  да се занимавте, а не со мене. Никој не може да се иззми од политчката одгворност и да го впери прсот во било кој од оваа сала ако тој презел обврска да реалзира одредени пректи. За динамиката занеме дека зависиод многу фактори, ама затоа треба чесно и искрено да настапиме пред граѓаните за да ги убрзаме процесите и ги реалзираме проектите, рече Илиевски
 
Претседателката на Советот Габриела Илиевска му одгвори во нејзин  препознатлив  стил и жаргон што го практикува од говорницата на Советот. 
 
- А бе во 10 години советник не научи шо е животна средина. А бе и мастиката на улица шо ја фрлаш е загадување на животната средина, и дворо ко ќе го миеше со цревото е заштита на животна средина. То е, во 10 години не научи, рече Илиевска
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани