2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Горната гимназија подготви комплексна претстава „Далеку, а сосем тука“ како да се голем театараки ансамбл

Мај 29, 2023

Учениците од Гимназијата „Јосип Броз –Тито“ уште еднаш ја потврдија својата драмска и театарска умешност, подготвувајќи театарска претстава во која режијата, сценариото, улогите, кореографијата, костимографијата и другите пропратни елементи ги подготвија и ги изведуваат учениците. Претставата „Далеку, а сосем тука“ е под менторство на професорката по клаични јазици Софија Бејковска. Режијата и сценариото се на матурантката Бисера Стефановска, а како асистен на режија и сценарио се јавува Ангела Цветковска и асистент на сценарио Ана Марија Петровска.

Премиерата за вработените од Гимназијата е закажана за 31 мај, на летната сцена во Тумбе кафе, а следните два дена, на први и втори јуни, ќе има реизведби за учениците од Гимназијата. 

„Претстава низ митолошкото и политичкото минато ќе ве поведе во нашата неизвесна сегашност за да ви пренесе дека секоја пречка во животот е минлива и менлива. На сцената испреплетени одекнуваат страдањата на жените од војни и насилство, неправдите нанесени врз праведниците низ историјата, болката и љубовта на мајката за своето чедо, доаѓањето на новата мисла, потребата за промена, смената на поредокот и за крај, сенката на несигурната иднина која демне врз сите“, посочува професорката Бејковска.

Улогите ги толкуваат учениците:

Василиј Тасевски - Хад

Ангела Цветковска - Персефона

Михаил Јанески - Зевс

Анастасија Трајковска - Афродита

Теодора Јовчевска - Деметра

Дамјан Каранфиловски - Сократ

Бојана Тодорова - Гај Јулиј Цезар и ученик на Сократ

Илиана Николовска - Атена

Анастасија Бејковска - Клитајмнестра

Ивана Парговска - Касандра

Селма Мемиш - Пенелопа

Ана Марија Петровска - поетесата Сапфо и граѓанин

Петра Димитровска - Судија на Сократ и заробеник во Платоновата пештера

Катја Златевска - заробеник во Платоновата пештера

Теона Петровска - заробеник во Платоновата пештера

Викторија Марцевска - сенка од Подземјето

Емилија Трајковска - сенка од Подземјето и граѓанин

Михаела Нешкоска - сенка од Подземјето

Тамара Белевска - сенка од Подземјето

Марија Димоска - следбеничка на Деметра и граѓанин

Нина Дејаноска - следбеничка на Деметра и поетеса во Подземјето

Ангела Гарабиљевиќ - следбеничка на Деметра и граѓанин

Ана Богдановска - следбеничка на Деметра и ученик на Сократ

Томе Јолевски - граѓанин

Бора Килич - чувар на власта

Лука Тренчевски - чувар на власта

Лука Димовски - чувар на власта.

Светло мајстор ќе биде Никола Георгиевски, кореографија на Ана Марија Петровска, а костимографија и сценографија: Јана Богдановска, Јована Неделкова, Ема Костова ,

Јована Силјанова и Марија Тодоровска. Аудио монтажа и графичкиот дизајн ги изработи Лука Петровски, камера Давид Козарев, а фотографијата Мила Петковска.

Водители на настанот ќе бидат Лука Лозановски и Јана Стојчевска.

Оваа комплексна претстава кон која учениците пристапија како цел театарски ансамбл уште еднаш потврдува дека Горната гимназија беше и остана расадник на таленти за драмски уметности.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани