2win800x200

Учениците на Софија Бејковска како искусни актери глумеа преродбеници и војводи во филмот „Прекршени времиња“

Февруари 06, 2025

Учениците од класот - прва 6 во битолската Гимназија под менторство на професорката Софија Бејковска синоќа на големото платно на Центарот за култура во Битола го имаа своето „огнено крштевање“ како актери во уметничко-документарниот филм - „Прекршени времиња“, снимен во рамките на големиот јубилеј 80 години - настава на македонски јазик. Актерската игра и вложувањето на целата младешка енергија и ентузијазам на гимназијалците во филмот: Вања, Марија, Бојана, Петар, Андреа, Христина, Матеа, Софија, Дамјан, Михаил, Никола, Тамара... внесе позитивна мисла кај присутната публика, дека за нашите деца - ученици нема препрека што не можат да ја премостат, идеја што не можат да ја преточат во производ. Во филмот во кој беа умешно склопени историјата и секогашноста, почитта кон преродбениците, Илинденците, борците од НОБ, црквата... љубовта кон македонскиот јазик како наш идентитет побуди силни емоции кај гледачите и заслужни аплаузи од публиката.    

DSC 1665 800x531

DSC 1662 800x531

Професорката Бејковска вели дека учениците од 1-6 достоинствено на големото платно го изведоа својот прв заеднички проект - филмот „Прекршени времиња“.

„Иако најмлади во Гимназијата, полни со љубов и ентузијазам да им се слушне гласот, учениците уште од самиот почеток на нивното школување во Гимназијата, неуморно работеа за да остават свој придонес на овој голем Јубилеј“, изјави професорката Бејковска.

Камерата и монтажата на филмот му припадна на гимназијалецот Вања Арсиќ, кој го привлече вниманието и со својата харизматична појава на главен лик, шармантен и препознатлив во сите улоги од времепловот.

DSC 1659 800x531

Како режисер на филмот се потпишува ученичката Марија Петровска, а сценариото ѝ припаѓа на ученичката Евгенија Велевска.

„Филмот обработува неколку времиња во историјата на македонскиот народ, времето на Отоманската империја и борбата на Македонците за своите права употребувајќи делови од Крушевскиот манифест. Втората светска војна ја претставува преку борбата на народоослободителните борци за зачувување на Македонија и македонскиот јазик преку навраќање кон делото на К.П. Мисирков и неговите зборови: „Таква милост кон нашијо народен јазик требит да имаме и није, ако сакаме да останиме верни на дуoт на нашите предедовци. Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прво. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни". Денешното време ја прикажува конфузијата во која се наоѓаат младите, растргнати помеѓу тешкото минато на нашиот народ и сегашноста која не им нуди многу можности во својата татковина. И за крај завршува во иднината, оставајќи го гледачот да се запраша дали ќе дозволиме иднина без деца во училиштата, преку стиховите на Анте Поповски - Татковина“, образложува Бајковска за идејата да се сними филмот за големот јубилеј. 

DSC 1672 800x531

DSC 1619 800x531

Филмот е снимен на повеќе локации низ градот: во Музејот, во црквата „Св. Димитрија“ , на локалните ритчиња и секако во Гимназијата.

Целосната екипа на филмот е: Бојана Бејковска - Асистент режија, Петар Јовановски - Асистент камера, Андреа Панајотова - Шминка, Христина Боризовска - костимографија, Марија Талевска - Фризура. Техничка поддршка за филмот да се појави на платното беше на Александар Ковачевски.

Актери: Матеа Василевска, Софиа Силјановска, Дамјан Гучков, Михаил Димовски, Никола Стојчевски, Михаил Јовановски, Никола Ќурчиевски, Михаел Простиженовски, Тамара Корлеска.

„На нашите најмлади гимназијалци од 1-6 им посакуваме уште многу заеднички проекти со кои ќе се усовршуваат во својата креативност.“, се искрените желби на професорката Бејковска. 

DSC 1616 800x531

Текст Анета Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани