АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вистински бум на изградба на електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија и особено во искористување на сонцето за добивање струја, се случува во земјава од минатата година. Ако во 2021 година со работа започнаа 49 нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија (една хидроелектроцентрала и 48 фотонапонски електроцентрали), ланската година се заврши со нови 267 централи со инсталирана моќност од 152,2 мегавати. Најголем дел од нив беа фотонапонски електроцентрали (99,2 MW) и ветерни електроцентрали (36 MW). Овие централи придонесоа капацитет за производство на електрична енергија на земјата да се зголеми за 18%.
Според најновите информации од Регулторната комисија за енергетка (РКЕ), од почетокот на годината до крајот на јули, со нови лиценца се имаат стекнато 338 централи со инсталирана капацитет од 164,2 мегавати.
Зголемениот капацитет на производство на струја секако влијаеше и на евидентно намалување на увозот на струја и ланската, а и годинава. Ако се знае дека во 2020 година беа увезени 3,352 GWh електрична енергија, во 2021 – 2,940 GWh, ланската година увозот изнесуваше 2,209 GWh. Во првите месеци од годинава, увозот е намален за 11%.
Новите капацитети покажуваат дека сериозно се работи на намалување на енергетската зависност на земјата. Но и на декарбонизација и супституирање на производството на струја од јаглен од термоцентралите РЕК Битола и Осломеј.
Ваквите податоци кажуваат дека Македонија сериозно работи на зелената транзиција и веќе го има реализирано Зеленото сценарио што, според Енергетска стратегија, беше планирано да се реализира до 2040 година и од земја во која домашно производство на струја доминантно се базираше на јаглен, сега станува земја со големо производство од обновливи извори.
Извор 24инфо.мк
Линк: https://24info.mk/