2win800x200

Како ЕУ ги помогна земјоделците од своите членки: 430 милиони евра од фондовите за директна поддршка на земјоделскиот сектор погоден од климатските промени и други предизвици

Август 29, 2023

Европската комисијата н 26 јуни 2023 година предложи да се мобилизираат дополнителни средства од ЕУ за земјоделците од земјите членки погодени од климатските промени, но и високите трошоци за производство и различни пазарни и трговски прашања. Новиот пакет за поддршка изнесув 330 милиони евра за 22 земји-членки. Покрај тоа, земјите-членки истиот тој ден го одобрија пакетот за поддршка од 100 милиони евра за земјоделците во Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка, претставен на 3 мај. Неколку други мерки, вклучително и можноста за повисоки авансни плаќања треба да ги поддржат земјоделците погодени од неповолните климатски настани.

Земјоделците од ЕУ од Белгија, Чешка, Данска, Германија, Естонија, Ирска, Грција, Шпанија, Франција, Хрватска, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Австрија, Португалија, Словенија, Финска и Шведска ќе имаат корист од оваа исклучителна поддршка од 330 милиони евра од буџетот на ЗЗП. Земјите може да ја надополнат оваа поддршка од ЕУ до 200% со национални фондови. Земјите-членки ги споделија искуствата за тешкотиите со кои се соочуваат нивните соодветни земјоделски сектори. Мерката треба да биде изгласана од земјите-членки на наредниот состанок на комитетот за заедничка организација на земјоделските пазари.

Националните власти ќе ја дистрибуираат помошта директно на земјоделците за да им ги компензираат економските загуби поради нарушувањата на пазарот, последиците од високите цени и брзото паѓање на цените на земјоделските производи и, каде што е релевантно, за штетите предизвикани од неодамнешните климатски настани, особено изразени на Пиринејскиот полуостров и Италија. Со помошта може да се финансира и дестилација на вино за да се избегне понатамошно влошување на пазарот во овој сектор.

За земјоделците во Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка веќе има одобрен пакет од 100 млиони евра и тоа 9,77 милиони евра за Бугарија, 15,93 евра за Унгарија, 39,33 милиони евра за Полска, 29,73 евра за Романија и 5,24 евра за Словачка. Земјоделците од овие пет земји-членки веќе со соочиле со проблеми поврзани недостатокот на одредени земјоделско-прехранбени производи од Украина и логистички проблеми. Исклучителни и привремени превентивни мерки за увоз на производи од Украина стапија на сила на 2 мај и ќе треба да бидат постепено укинати до 15 септември 2023 година. Заедничката координативна платформа исто така работи на подобрување на протокот на трговија меѓу Европската унија и Украина преку патеките за солидарност.

Плаќањата за двата пакета за поддршка треба да се извршат до 31 декември 2023 година. Земјите-членки опфатени од овој пакет треба да ја известат Комисијата за деталите за спроведувањето на мерките, особено за критериумите што се користат за пресметување на помошта, планираното влијание на мерката, нејзината евалуација , и преземените активности за да се избегне нарушување на конкуренцијата и прекумерна компензација.

Покрај оваа директна финансиска поддршка, Комисијата предлага да се дозволи повисоки авансни плаќања на средствата од ЗЗП. До 70% од нивните директни плаќања и 85% од плаќањата за рурален развој поврзани со површините и животните би можеле да им бидат достапни на фармерите од средината на октомври за да ја подобрат состојбата со готовинскиот тек. Земјите-членки, исто така, ќе имаат можност да ги изменат своите стратешки планови на ЗЗП за да ги пренасочат средствата од ЗЗП кон инвестиции кои повторно ќе го воспостават производниот потенцијал по уништените култури, загубата на фармски животни и оштетените згради, машини и инфраструктура поради неповолни климатски настани. Амандманите воведени од националните влади во таа рамка нема да се вбројуваат во максималниот број дозволени амандмани. Слично, се дава флексибилност во спроведувањето на секторските програми за вино и овошје и зеленчук. Ова им овозможува на корисниците подобро да ги усогласат своите мерки со моменталната состојба на пазарот.

Земјоделскиот сектор е под големпритисок од пандемијата со Ковид-19 и порастот на цените на енергијата и земјоделските суровини, како вештачките ѓубрива, по руската агресија на Украина. Европската комисија веќе усвои пакет за поддршка од 500 милиони евра во март 2022 година, како и наведе широк спектар на активности за да се обезбеди достапност и достапност на ѓубрива во ноември 2022 година. Брзото намалување на цените на земјоделските производи во текот на минатата година наспроти сè уште високите трошоци предизвикува проблеми со ликвидноста на земјоделците, особено во секторите на житарици и маслодајни производи, млечни производи и сточарство, вино или овошје и зеленчук. Како резултат на инфлацијата на храната, побарувачката на потрошувачите се намали за одредени производи, како вино, овошје и зеленчук или органски производи, создавајќи дополнителни тешкотии за производителите.

Покрај овој општ штетен економски развој, Пиринејскиот Полуостров настрада и од суша, додека одредени италијански региони беа погодени од исклучително тешки поплави. Овие екстремни метеоролошки настани предизвикуваа голема штета на локалното земјоделско производство и инфраструктура. Комисијата ги анализираше барањата за помош испратени од земјите-членки кои го оправдуваат пакетот за поддршка.

Извор:  агротим.мк

Линк: https://agrotim.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани