АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нов скандал го тресе Средношколскиот дом од Битола „Мирка Гинова“, вработена била вознемирувана од претпоставен.
Овој случај за Апла.мк го потврдува СВР Битола- „Обезбедувањето од Клиничката болница Битола пријавило дека пациент бил вербално вознемирен од претпоставен од Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола. Се работи на случајот“, потврди Сања Стаматова од прес службата на СВР Битола.
Што точно се случило во Домот, засега не можеме да прецизираме, кој од вработените е вербално нападнат и кој е претпоставениот што вознемирил.
Директорката на Болницата во Битола, д-р Елизабета Ивановска засега не можеше да го потврди случајот, но вети дека ќе побара подетални информации од обезбедувањето.
Испратиме и мајл до Домот и чекаме повратна информација која ќе ја објавиме во целост, доколку одговорат.
Апла.мк во изминатиот период пишуваше за случувања во средношколскиот дом во Битола околу службените патувања со службениот автомобил на директорката Елена Спасеновска и други лица, бугарска донација и хонорарите за пензионерот советник во Домот.
А.Блажевска