АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за здравство Венко Филипче денес ги посети жителите од Општина Новаци со кои разговараше за референдумот и придобивките што Македонија ќе ги има од влезот во НАТО и ЕУ.
„Жителите на Општина Новаци ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија. Предностите од членството во НАТО кој е најголем безбедносен сојуз во светот во овој момент се огромни. Тоа значи гаранција за нашата безбедност, гаранција за нашите граници. Членството во ЕУ прво го гарантира економскиот напредок, се отвораат огромен број на фондови, а тоа значи и големи инвестиции во нови фабрики, училишта, болници, инфраструктура, сето тоа значи зголемен број на работни места, поголеми плати и стандард за нашите жители, тоа значи дека младите ќе останат во нашата земја.
Европската Унија и сите развиени светски земји несомнено ги поддржуваат овие процеси во нашата земја. За нецели шест месеци во нашата земја по вторпат доаѓа генералниот секретар на НАТО, Столтенберг. Оваа недела ќе пристигне и германската канцеларка Меркел и австрискиот канцелар Курц. Тоа е историска шанса и ние ќе ја искористиме. Ова е еден поклон кој ќе го оставиме на нашите идни генерации“, рече Филипче.