2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советот донесе одлука да ја прифати донацијата за изградба на полигонот во Битола

Декември 05, 2018

Советот  на Општина Битола на денешната седница донесе одлука да ја прифати донацијата од Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола, за изградба на полигон во Битола. Полигонот ќе биде лоциран на излезот од градот кај населбата Горно Оризари.

-Носиме одлука за примање на донација за изградба на полигон за полагање на возачки испит. Тоа е работа кој Битола ја немаше во последните осум години. Ние кога бевме опозиција се залагавме дека ќе го направиме. До крајот на годината  Битола ќе има полигон, изјави денеска претседателот на Совет, Валентин Груевски.

Земјиштето каде ќе биде лоциран полигонот  од државно е префрлено во сопственост на Општина Битола.

 

-Она што како последна документација го имаме добиено е документацијата со кое што земјиштето го имаме добиено во трајна сопственост. Сите постапки ќе бидат согласно законските одредби кои што ги имаме, истите ги почитуваме, роковите максимално ги користиме.Се движиме во насока да конечно после толку голготи на битолчани за полигонот и можноста да вежбаат во својот град, а воедно и да полагаат, напор кој што го прави оваа локална самоуправа и работи во таа насока, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Неодмна  Зоран Кузмановски, управител на Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола за апла.мк изјави дека проектот  за полигонот  е завршен и за петнаесетина дена ќе се изгради и полигонот и  ќе се простира на површина од 5 илјади квадратни  метри. 

-Полигонот е завршен како проект, рече Кузмановски додавајќи дека него полигонот ќе го гради општината, а Сообраќајниот испитен центар ќе даде донации за негова реализација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани