2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Валентин Груевски, советник во Советот на општина Битола на свеченоста при доделување на уверението од ОИК

Октомври 20, 2017

-На сите избрани советници им честитам, а на ОИК-Битола и се заблагодарувам за спроведените демократски избори, а им благодарам и на граѓаните кои на 15 октомври, достоинствено и мирно излегоа на избирачките места и го дадоа својот глас онака како што мислеа дека треба да го дадат.

Посебно ми е драго што изборите завршија без ниту еден приговор, а официјалните резултати излегоа во најкраток можен рок,  а нашата победа на изборите е чиста како солза. Особено ми е жал затоа што опозицијата денес не присуствуваше на свеченото доделување на сертификатите. Тоа е обичен свечен чин на кој сметам дека требаше сите да присуствуваме. Се надевам дека во среда ќе ја одржиме конститутивната седница и ќе започнеме да работиме во интерес на граѓаните на општина Битола. Во среда ќе се избере и претседател на Советот на општина Битола, изјави Валентин Груевски, советник во Советот на општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани