2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во Битола ќе се заменуваат нееколошките извори на затоплување во домаќинствата-најави Макрадули

Јануари 31, 2019

Во Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Струга ќе се заменуваат нееколошките извори на затоплување по претходно утврдени зони каде што аерозагадувањето е високо , рече заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на денешната седница за пратенички прашања.

 

-Најзагрозените  општини Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Струга, Гостивар, Куманово , тие кои според податоците на Министерството за животна средина се најзагадени   ќе изберат зони на ниски емисии како што е светската пракса, и во тие зони, на пример во Скопје, во Лисиче или маало во Тетово ќе ги промениме изворите на затопливање.На 700 домаќинства во Скопје, на 150-200 домаќинства во Тетово, Гостивар,  Битола, Куманово. И затоа апелирам до компаниите да го следат јавниот повик, влегуваме во процес на замена на нееколошки извори на затоплување во најмалку 1000 домаќинства и тоа ќе донесе за намалување на аерозагадувањето. Барам поддршка од нив, приватниот сектор сака да помогне во овој момент, повторувам 2019 година е клучната година за намалување на аерозагадувањето . Зошто , затоа што има една масовна мобилизација во државата, нема самокритки има многу предлози , компаниите сакаат да помогнат , граѓанските организации, рече заменик министерот Макрадули, пренесе ТВ 21 .    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани