АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бистата на првоборецот Стерјо П. Ѓорѓиевски е вратена на постаментот. По објавата на апла.мк вчера надлежните органи брзо реагираа и во текот на денот бистата повторно е поставена на своето место.
Во исто време се санирани искршените мермерни плочи од постаментите на спомен- бистите на Стерјо Ѓорѓиевски и Томаќи Димитровски. Според состојбата каква што е ова утро за санација на мермерните плочи останува уште постаментот на спомен –бистата на Коле Лачето.
Вчера спомен-бистата на Стерјо Ѓорѓиевски беше обезглавена, а постаментот искршен во мермерните плочи, оштетени беа уште две спомен бисти.
Сојузот на борци од Битола случајот го пријавија во полиција.
-Сторителите да бидат најдени и соодетно казнети и во иднина да бидат спречени било какви оштетувања на спомениците и спомен-бистите, пишува во соопштението на Сојузот на борци од Битола.