2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ПРИСТАПУВАЊЕТО КОН НАТО ВЛИЈАЕ И ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА, РЕЧЕ РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ВО БИТОЛА

Април 01, 2019

Тоа што нашата земја доби поканата за членство во НАТО и очекува во брза постапка да стане рамоправна членка имаше и позитивни ефекти врз економијата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на Битола.

 

„Во 2018 година странските директни инвестиции беа речиси четири пати повисоки отколку во претходната година. Беа двојно повисоки од најдобрата година по странски директни инвестиции 2011 година. Тоа покажува дека нашата инвестиција во безбедноста беше оправдана, тоа ќе значи и повеќе економски шанси и подобар живот на граѓаните“, изјави Шекеринска.

Таа додаде дека фокусот на власта е насочен кон продолжување на трендот за пораст на платите, кој и овој јануари е повисок за значителчна сума од претходниот, како и зајакната економска активност и бројот и на странски и на домашни инвестиции.

„Задоволни сме што Собранието го изоди најдолгиот пат во делот на важните закони за нас со кои ќе се обезбеди државна социјална пензија, зголемување на социјалната помош на оние на кои најповеќе им е потребна“, рече министерката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани