2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кракот за магистралниот гасовод во Пелагонија е при крај, Заев ги повика градоначалниците да се подготват за секундарната мрежа

Август 24, 2019

Кракот од магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп и Битола веќе е во Пелагонискиот регион. Досега се заврешни 70 проценти од оваа делница во вкупна должина од 92 километри, и надминати се голем дел од проблемите при експропријацијата и градбата. Се очекува изградбата на кракот чија крајна точка е Битола да заврши напролет, посочија при денешниот увид во работите на кракот, премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.

{YouTube}https://youtu.be/bKlFSBvcDVo{/YouTube}

-Пред пет месеци во март бевме на увид за  изградбата на кракот од магистралниот гасовод Неготино-Битола како дел од националниот проект за гасификација што е еден од врвните приоритети на Владата, која е од исклучителен интерес за нашите граѓани. Тогаш во март, реализацијата на  овој крак  изнесуваше 36 проценти, а денес завршени се нешто повеќе од 70 проценти од работите. За само 5 месеци се завршени повеќе од 35 проценти што претставува исклучеителен прогрес. Изградбата која започна во февреуари 2017 треба да заврши во февруари 2020 година, изјави премирот Зоран Заев.

На оваа делница има три регулациони станици, а битолската е со најголем капацитет. Во Кавадаци има  капацитето од 15 илјади метри кубни на час, во Прилеп 24 илјади метри кубни на час и во Битола 28 илјади метри кубни на час.

-На оваа делница имаме исклучително добра реализација. Завршивме околу 83 км од трасата, остануваат уште 9 километри. Имаме заварено околу 67 км во оваа делница и очекуваме дека до крајот на оваа година ќе имаме реализација на вкупните градежни активности пвеќе од 95 проценти, така што на пролет ќе остане мал дел од градежните работи и очекувам дека навреме ќе ја завршиме оваа делниц, по што ќе следат испитувања и други законски пропишани активности по што ќе биде пуштена во употреба и ќе можеме да го опслужиме овој регион со гас, изјави директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.

Премиерот Заев и министерот Сугаревски ги повикаа градоначалниците да се подготвата за секундарна гасификација.

-Гасот доаѓа се поблиску до индустријата и граѓаните, со што се отвораат можност да влеземе во фазата за опредлување оператори на секундарната мрежа кои ќе го треба да го обезбедат преносот и приклучокот на гасот до домаќинсвата и индустриските капацитети по конкурентни цени. Многу е важно во овој процес забрзано да работат  и општините за да ја градат општинската мрежа и гасот што побрзо да го донесме до домовите и компаниите. Затоа сме денес овде со градоначалниците од  Пелагонискиот  регион, рече Заев.

-Сакам да ги повикам градоначалниците не само од овој регион, од овој крак Неготино-Битола, туку насекаде низ државата најбрзо да ги сработат проектите за од наредната година овозможиме да се отпочене секундарната гасификација и на тој начин што е можно побрзо граѓаните да ги почувтсвуваат придобивките од овој проект, рече министерот Горан Суграевски

Овој крак е еден од трите предвидени од националниот проект за гасификација за кој од буџетот годинава се издвоени една милијарда и 500 милиони денари. На магистралниот гасовод Неготино- Штип се изведуваат завршни работи, а магистарлата Скопје Тетово Гостивар се очекува да биде завршена до крајот на следната година.

00104.MTS.Still001

00105.MTS.Still001

00106.MTS.Still001

00111.MTS.Still001

00113.MTS.Still001

00116.MTS.Still001

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани