2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Делови од Пелагонискиот Регион подложни на свлечишта

Октомври 29, 2019

Делови од Пелагонискиот Регион, посебно местата што ги спојуваат рамните со високите делови од земјиштето се подложни на свлечишта, изјави Милорад Јовановски, професор на Градежниот факултет во Скопје на денешната обука за јакнење на капацитетите за справување со природни непогоди во организација на Центрот за равој на Пелагонискиот плански регион.

„Пелагонискиот регион е подложен на свлечишта, не во рамните делови, туку во контактните делови со планинските региони, во делот кон Пелистер, делот каде што поминува делумно хидросистемот ‘Стрежево’, кај Ниже Поле има оштетување на патот. Во ободниот дел да го наречам на Пелагонискиот регион има доста такви појави. Обиколницата на Битола година и пол беше прекината поради санација на свлечиште“, рече Јовановски.

 

Не само, обилните врнежи, туку и сечењето и горењето на шумите влијаат врз појавата на свлечишта. Шумата покрај еколошкото влијание како прочистувач на воздухот, штити и од лизгање на земјиштето зашто растенијата ја впиваат водата и не дозволуваат земјата да се презасити.

„Приоритет да биде да не се палат шумите, да не се сечат, туку систематски да се пошумува“, додаде професорот. .

Денес и утре во рамки на проектот „Заедничка меѓугранична соработка за справување со кризи, природни непогоди и катастрофи“ предизвикани од човечкиот фактор, финансиран од прекуграничната Ипа програма, Министерство за локална самоуправа, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организира обуки за свлечишта и земјотреси.vidimce 2

(Од денешната работилница- Фото Диоген Хаџи-Коста Милевски) 

„Центарот за развој на планскиот пелагониски регион продолжува со низата проекти и активности за јанење на капацитетите за справување со природни непогоди. Учествуваат институции чија задача се заштита на населението од природни непогоди, а пред нив своето долгогодишно искуство го пренесе професорот Милорад Јовановски од Градежниот факултет и експерт од областа на свлечиштата. Претставници од Институтот од ИЗИИС на чело со професор Александра Богдановиќ пред средношколци ќе ги пренесат знаењата околу земјотресите, интервенции и спаравување“, рече Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани