2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во сушата Стрежевската акумулација ја „спасува“ Битола со вода за пиење

Октомври 30, 2019

Шеснаесетта недела Битола и регионот се зафатени од суша што доведе до исцрпување на водните ресурси на ЈКП Водовод Битола. Директорот Горан Козаров вели дека Битола може да со соочи со алармантна состојба доколку во наредните денови не падне дожд. Во овој период битолчани се снабдуваат со вода за пиење од  Хидросистемот Стрежево.

 

-Се приближуваме кон алармантно ниво , тоа значи дека десет недели со ред пумпаме вода од Хидросистемот Стрежево , интензивно со три-четири пумпи. Акумулацијата  е на пониско ниво, но  не е дојдено на тој биолошки минумум на 30-40 милиони метри кубни вода. Квалитетот на водата е се уште добар, ние ги зачестивме испитувањата во Филтерницата за квалитетот на водата да биде на исто ниво како што треба да биде по сите светски стандарди. Дневната потрошувачка се движи од 400 до 600 литри во секунда, рече Горан Козаров, директор на ЈКП Водовод Битола.  

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани