2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Македонско-словенечки доручек во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ за здрави навики кај учениците

Декември 06, 2019

Холот на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ денес беше полн со штандови здрава храна. Таму за првпат се одржа македонско-словенечки доручек со цел да се влијае кај учениците да се хртанат здраво, но да се поттикнат и школите за воведување здрав оброк за учениците. Настанот беше организиран под покровителство на Амбасадата на Република Словенија и „Бага фуд“ од Битола, а во соработка со Гимназијата и Словенечкото здружение „Триглав“ од Битола.

 „Ова денес е промоција на здрава храна меѓу младите луѓе. Словенија го започна тоа во 2011 година со словенчки доручек во сите основни школи и сега тоа е традиција. Ние оваа година таков заеднички доручек имавме во Гимназијата „Брадство- единство “ во Охрид, а сега и во Битолската гимназија. Целта е младите луѓе да стекнат навики да јадат здрава храна, а најздрава е домашната“, рече словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец.

Јазбец: „Здрави доручеци во Словенија по училишта организираме од 2011 година“nastavnici

Тој е чест гостин во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и досега се остварени повеќе соработки. Директорката на училиштето Фанија Наумовска рече дека за првпат учениците имаа можност да се запознаат со храната на Република Словенија со која имаме заедничко минатото и сме многу блиски народи. Додаде дека многу од учениците од Гимназијата се запишуваат во Словенија за да го продолжат своето образование. Во 2015/2016 година од вкупно 35 ученици кои се запишале во странство, 17 заминале во Република Словенија, тоа значи половина од оние кои своето образование го продолжиле во странство. Во 2017/2018 година таа бројка била 12 ученици.

Наумовска: „Поттик за воведување здрав оброк во училиштата“

fani

„Преку овој настан даваме придонес за едукација на младите за здрава храна бидејќи сакаме да изградеме генерации кои ќе бидат здрави и дорбо исхранети. Се надвеаме дека ова нема да биде изолиран настан туку иницијатива, поттик за преземање на низа активности со здравата храна и зачувување на животната средина, а и за инстуциите за градење на здрави навики и реформи во образовниот систем кои ќе значат воведување на здрав оброк кај учениците уште од претшколска возраст од основното, па и средното образование“, рече директорката Наумовска.

На настанот присуствуваше градоначалничката Наташа Петровска која рече дека културните мостови се оние најтрајните, најшироките, оние кои најдлабоко ги поврзуваат нациите.grupan ambasador ova

Марија Секуловска, генралната директорка на „Бага фуд“, фабрика за преработка на овошје и зеленчук им порача на младите да јадат здравата хрна, задолжително да појадуваат, да имаат редовната исхрана и да конзумираат локалан храна.baga

Таневски: „Овошјето е најздраво на утро“нутри

На учениците им се обрати и нутриционистот Влатко Таневски кој ги посоветува присутните дека овошјето треба да се јаде наутро, а не пред спиење.

„Сретнувам сѐ повеќе и повеќе луѓе кои овошјето го јадат навечер, тоа е огромна гршека. Причината лежи во фруктозата. Лекарите, фруктозата ја нарекуваат сладок отров. Кога јадите овошје на вечер и одите да спиете, метаболитичките рекации кои се одвиваат во нашето тело се успорени. Тоа значи дека нашето тело не може фруктозата да ја метаболизира, при што имаме конвертирање на фруктозата со помош на ензимите од телеото во триглицериди, масти кои преку крвата одат во масното ткиво и во хепароцитите, црнодробните клетки. И ете, проблем со дебелина, со замастен црн дроб и слично. Овошјето секогаш треба да се јаде во утринските часови, бидејќи наутро во нашето тело доминираат процесите на детоксификација, а овошјето е најдобар детоксификатор. Овошјето би требало да го јадеме до 12 или 13 часот“, рече нутриционистот.

ucenici

dorucek

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани