АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола денеска преку соопштение се обрати до битолската јавноста за состојбата со воздухот во градот. Соопштението го објавуваме во целост.
Почитувани граѓани,
Свесни сме дека изминатите денови се соочуваме со зголемени концентрации на загаден воздух, кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните.
Општина Битола секојдневно следи и изготвува извештаи за среднодневните концентрации на квалитетот на амбиенталниот воздух од мерната станица Битола 2 и согласно позитивната законска регулатива ги известува граѓаните на Општина Битола:
Имено, според Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на информирање и алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017) се дефинирани прагот на информирање и алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10):
Прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) со надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.
Додека прагот на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) од 14 декември 2019 година се намалува од 188 g/m3 и истиот изнесува 175 g/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.
Според добиените податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање, измерени за мерната станица Битола 2, во двата изминати последователни денови (15 декември и 16 декември), не се надминати граничните вредности.
Следејќи ги податоците од надлежните институции, Општина Битола благовремено ќе ги информира граѓаните и ќе презема соодветни законски постапки.
Во таа насока, ги замолуваме граѓаните да ги следат официјалните соопштенија од страна на општината во наредниот приод.