АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија денес, а по повод 7-ми април Денот на здравјето, организираше хуманитарна акција во десеттина градови низ Република Македонија. Пчеларското здружение „Нектар“ од Битола донираше мед и растворен прополис во Клиничката болница во Битола, а донацијата е наменета за лицата кои во овој момент на здравствена криза се на „првата борбена линија", а тоа се медицинските лица.
-Не застануваме тука, и до сега сме донирале но и во иднина ќе донираме, велат од пчеларското здружение „Нектар“ од Битола.